Centar.mk
фото МНР
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ ОФИЦИЈАЛНО ПОБАРА СРЕДБА СО СОФИЈА: Муцунски предлага билатерален разговор следната недела

Министерството за надворешни работи испратило барање за средба на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски со бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова.

Доколку Софија го прифати предлогот, разговорите би се одржале следната недела на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8. Иницијативата следува по вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која изјави дека бил договорен „прв чекор“ во обид процесот на европска интеграција повторно да се придвижи.