Голем дел од европските компании што планираат инвестиции во вештачка интелигенција не очекуваат тие проекти главно да ги финансираат преку нови кредити. Ново истражување на Европската централна банка покажува дека 72 проценти од компаниите кои планираат AI-инвестиции во следните 12 месеци очекуваат да користат сопствени средства, како тековен паричен прилив или задржана добивка.
Истражувањето опфатило околу 5.000 компании од еврозоната и ги разгледува вложувањата во AI-алатки, податочна инфраструктура, специјалисти и обука на вработените. Податоците укажуваат дека за значителен дел од бизнисите финансиската способност од сопствени извори може да биде еден од клучните фактори што ќе ја одредува брзината на воведување на вештачката интелигенција.


