Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЧУВАЈТЕ СЕ, ОД -3 НАУТРО ДО 28 СТЕПЕНИ ПРЕКУ ДЕН: Големи температурни разлики во следните денови

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Прогноза за 05.10.2026
Минимална температура: -3°C до 8°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 06.10.2026
Минимална температура: -2°C до 9°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.10.2026
Минимална температура: -1°C до 9°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.