Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Нов затворен градски пазар во Виница, со помош на Владата се реконструираат и градат улици, патишта, водоводи, канализации

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Во изминатата година во општина Виница реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на патната и комуналната инфраструктура, животната средина, јавните објекти, образованието, спортот и социјалната поддршка.

Во делот на патната инфраструктура, со инвестиција во вредност од над 12 милиони денари обезбедени преку Министерството за транспорт, реконструирани се улиците „Пролетерска“, „Ѓорче Петров“, „Кочо Рацин“ и „Раде Кратовче“-блок 8, понатаму во вредност од 24 милиони денари реконструирана е улицата „Страшо Пинџур“ заедно со паркинзите, изградена е улица во село Црн Камен и улица со тротоари во село Јакимово.

Дополнително, асфалтирани и реконструирани се улици во селата Јакимово, Градец и Блатец, со вкупна инвестиција од 12,5 милиони денари и паралелно преку Министерството за животна средина и Министерството за транспорт се реконструираше водоводната и канализационата мрежа на улицата „Ванчо Прке“, како и самата улица, со вкупна инвестиција од 11,5 милиони денари.

Додека со средства од Буџетот на општината реализирано е поплочување на повеќе улици во Истибања и Градец, како и шест краци од улици и паркинг-просторот на улицата „Илинденска“ во Виница и завршена е и втората фаза од реконструкцијата на локалниот пат Блатец – Детлово, во должина од 2,5 километри, со инвестиција од 25,5 милиони денари.

Во повеќе населени места се реализирани активности за санација на патишта, тампонирање и уредување на локални патни правци, додека за поголем дел од градот Виница е изработен и сообраќаен проект за унапредување на сообраќајот и паркирањето, а завршен е и проектот „Регулација на Кајанечки дол“ во село Истибања, во рамки на кој се изградени два патнички и три пешачки мостови во вредноста од 19,5 милиони денари.

Во областа на животната средина реализирани се повеќе акции за чистење и уредување на јавни површини, речни корита и одводни канали, отстранување на мини депонии и хаварисани возила, одржување на зеленилото и јавните површини, како и реконструкција и уредување на јавните тоалети на градскиот плоштад.

Ново сензорно осветлување во вредност од 2,8 милиони денари добија градскиот парк и просторот пред градскиот стадион, а на повеќе локации во градот се заменети 300 светилки со енергетски поефикасни лед светилки.

Завршена е изградбата на затворениот градски пазар, за која се издвоени 24 милиони денари од Буџетот на Општина Виница, дополнително е реализирано и партерното уредување на просторот околу пазарот, во вредност од 8,5 милиони денари, а реконструиран е кровот на општинската зграда и поставени се инвертер клими во „Сината Сала“ при Домот на културата „Тошо Арсов“.

Не изостанаа ниту инвестициите во образованието, при што целосно е реконструиран азбестниот кров и заменет плафонот во училниците и холот на ООУ „Никола Парапунов“ во село Драгобраште, додека спортските игралишта за ракомет и кошарка во ООУ „Гоце Делчев“ се обновени со нова еластична спортска подлога, кошаркарски табли, ракометни голови, мрежи и заштитна ограда.

Со цел поддршка на семејствата и учениците, воведена е финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче, поддршката за првачињата е зголемена на 5.000 денари, а зголемени се и наградите за учениците и нивните ментори за освоени места на државни натпревари.

Со исто засилено темпо продолжува и во наредниот период реализацијата на проекти и инвестиции во сите области со цел подобрувањето на условите за живот на сите жители во Општина Виница.