Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УТРАТА СТАНУВААТ СÈ ПОСТУДЕНИ: Дневните температури ќе се движат до 26 степени

Променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат приближно од 0 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 18 до 26 степени.

Најсвежо ќе биде во повисоките и источните делови, каде минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека најтопло се очекува на југоистокот со температура до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

Прогноза за 01.10.2026
Минимална температура: 2°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.10.2026
Минимална температура: 3°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 03.10.2026
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер претежно од северен правец.