Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и економски ја изолира Македонија – со „Made in EU“ се намалува пазарот за нашите производи

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО:

ЕУ подготвува нови правила. Јавните набавки и јавните пари ќе одат прво на стока направена во Европа. Челик. Цемент. Алуминиум. Автомобили. Чиста енергија. Цел: производството во ЕУ од 14,3 отсто да стигне 20 отсто до 2035.

Кој не е внатре, потешко доаѓа до тие пари.

Македонија не е членка на ЕУ. Нашите производи автоматски не е „мејд ин ЕУ“.

Има адут – спогодбата за јавни набавки на СТО од 2023 a но тоа само по себе не го прави катализаторот од тука европски производ.

Ако победи построгата линија, фабриките надвор од Унијата остануваат зад вратата. Ако победи поширокиот модел, влегуваат партнери што даваат реципроцитет и што Брисел ги смета за блиски.

Блискоста со ЕУ се гради со реформи. Не со ходник и со антимон.

Поради неисполнување на реформите можеме да се соочиме и со недобивање пари од ЕУ – нема грантови, нема неповратна помош.

ЕУ е нашиот пазар. Во првите седум месеци извоз 5,1 милијарда евра. Унијата држи 58,7 отсто од трговската размена.

Катализатори, кабли за коли, делови за седишта – ние сме алка во туѓ синџир. Кога синџирот ќе рече „само Европа“, нашата алка отпаѓа.

Нема Европа – нема подобар живот, нема поголем стандард за граѓаните на Македонија. Нема повисоки минимални плати. Нема повисоки пензии за пензионерите. Нема млади – заминуваат во Европа.

Македонија останува само како слепо црево на Балканот и на Европа. Тоа е цената на изолацијата што ја води арамијата Мицкоски.

Кој ја запира интеграцијата, го стеснува извозот и економски ја изолира земјата.

Фабриките во Македонија не живеат од Фејсбук постовите на арамија Мицкоски. Живеат од нарачките во земјите на ЕУ.

СДСМ го кажува просто. Патот кон Унијата не е каприц. ЕУ е пазар, работа, економија и стандард.

Бандата го замени со провизија и со руда. Резултатот не е стратегија туку изолација.

Изолацијата значи помалку европски пазар за македонски производ. Тоа ќе го платат работниците. Не Мицкоски.