Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

БЕЗ ВОЗАЧКА ЗАД ВОЛАН, СО ДРВА ВО БАГАЖНИК: Возилото одземено, возачот приведен

На 27.09.2026 во 14:40 часот на клучката Камењане, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (33).

При преглед во багажникот биле пронајдени околу 0,5 м³ огревни дрва, а било констатирано и дека лицето управува со возилото без стекнато право на управување, односно без возачка дозвола.

Тој е лишен од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, а возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.