Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Да се повлече планот за рудниците – Македонија не е на распродажба

Прес-конференција на СДСМ – Јована Тренчевска – потпретседателка:

Македонија не е на продажба!

За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит – не држава за која треба да се грижат.

Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање – за профит.

Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план – документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година.

Тоа е неговата матрица – кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата – за свои бизнис интереси и провизии.

Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке – се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години.

Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри.

Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности.

Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара.

Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени.

А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија.

Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата.

Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните.

СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити.

Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада.

Бараме да се повлече криминалниот план.

Македонија не е на продажба.

Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства.

Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните.