Утрото ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 4 степени, при што најстудено ќе биде во источните и повисоките места. Максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 25 степени.
Во западните делови се очекуваат околу 16 до 20 степени, во централните области до 23 степени, додека на југот и истокот дневната температура ќе се искачи до 24–25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.


