Centar.mk
СВЕТ

Русите нападнаа странски брод кај Одеса: убиен капетанот

Товарен брод што пловел под знамето на Антигва и Барбуда бил погоден за време на руски напад врз регионот на Одеса, при што загинал капетанот на бродот, кој бил државјанин на Украина. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Олег Кипер, шефот на Регионалната воена управа на Одеса.

Кипер изјави дека руските сили целеле кон пристанишната и цивилната инфраструктура. „Погоден е трговски товарен брод што пловел под знамето на Антигва и Барбуда. Избувна пожар, а капетанот на бродот, државјанин на Украина, загина. Останатите членови на екипажот беа евакуирани, а пожарот беше изгаснат“, се наведува во објавата.

Тој додаде дека, во два последователни напади, руските сили нападнале и магацини во кои се чувале лекови, стока за широка потрошувачка и храна. Гаснењето на пожарот во магацините траело неколку часа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈАТА ВО ШПАНИЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНИ РАЗМЕРИ – Меѓу 69-те загинати има државјани од повеќе земји

ДЕСК

АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА ВО ФЛОРИДА – Девет лица загинале при пад на деловен авион

ДЕСК

ИРАН НАЈАВУВА МОЖНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Одлуката зависи од договор со САД

ДЕСК