Centar.mk
СВЕТ

„Блумберг“: ЕУ бара од Украина да постигне напредок во реформите пред да одобри дополнителна помош

Функционерите на Европската унија ѝ кажаа на Украина дека очекуваат напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобрат дополнителна буџетска помош за Киев, објави „Блумберг“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како „тензичен“, пренесува медиумот.

Украина побара помош од своите сојузници за покривање на неочекуван буџетски дефицит од околу 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза исплаќањето на заем од 90 милијарди евра./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈАТА ВО ШПАНИЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНИ РАЗМЕРИ – Меѓу 69-те загинати има државјани од повеќе земји

ДЕСК

АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА ВО ФЛОРИДА – Девет лица загинале при пад на деловен авион

ДЕСК

ИРАН НАЈАВУВА МОЖНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Одлуката зависи од договор со САД

ДЕСК