Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември достигна 69.432 денари, покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија. Во август за истите основни потреби биле потребни 68.675 денари.
Тоа значи дека само за еден месец пресметаните минимални трошоци на едно домаќинство се зголемиле за 757 денари. Податоците повторно го отвораат прашањето колку платите успеваат да го следат растот на секојдневните животни трошоци.


