Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЛОКАЛЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ, НО И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Еве ја прогнозата за денес

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.

Утринските температури ќе се движат приближно од 7 до 19 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 23 до 32 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови, каде дневната температура ќе се искачи до околу 31–32 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ВЕЌЕ ПОБЕЛЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА – Еве каде падна, а УХМР најавува нови снежни врнежи

ДЕСК

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

ДЕСК

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

ДЕСК