Украинските сили го нападнаа рускиот град Сочи, а според првичните информации и снимките од очевидци, регистрирани се експлозии и пожари во неколку делови од градот, пренесува „Киев Индипендент“.
Украинските информативни канали „Exilenova+“ и „Supernova+“ објавија дека станува збор за голем напад со беспилотни летала врз цели во тоа одморалиште на Црното Море. Сочи се наоѓа во Краснодарскиот крај, на оддалеченост од 650 до 700 километри од територијата под контрола на Украина. Градот беше домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година.
Избувна голем пожар
Снимките објавени од жителите прикажуваат експлозии на ноќното небо и најмалку еден голем пожар. Градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов, ја потврди активноста на руските системи за противвоздушна одбрана.
Вечершните напади се продолжение на серијата неодамнешни украински напади врз областа на Сочи. На 10 септември, украински поморски дрон оштети градско шеталиште, а на 4 септември беа погодени руски воен брод и складиште за нафта. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави засилување на нападите со беспилотни летала врз цели во Русија. На 1 септември, тој ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и странските влади дека рускиот воздушен простор ќе биде „де факто затворен“ поради украинските беспилотни летала./Извор:Makfax


