Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави четиригодишен план за намалување на даноците и зголемување на минималната плата, во пресрет на парламентарните избори во 2027 година.
Во говор на Меѓународниот саем во Солун, Мицотакис најави даночни олеснувања за земјоделците, самовработените, пензионерите и вработените во јавниот сектор, како и постепено зголемување на минималната плата на 1.000 евра до 2028 година.
Тој најави и укинување на данокот за граѓаните со годишни приходи под 20.000 евра, а за сточарите вети долгорочна заштита од болести кај животните. Предвидено е и воведување орочени штедни сметки за секое новородено дете.
Редовните парламентарни избори во Грција треба да се одржат во 2027 година, иако се шпекулира и за можноста за предвремени избори уште годинава. Според двајца владини претставници, во моментов најверојатно е гласањето да се одржи во средината на мај 2027 година.
Анкетите покажуваат дека владејачката Нова демократија тешко би обезбедила апсолутно мнозинство. Дополнителен притисок доаѓа од поранешниот премиер Андонис Самарас, кој подготвува нова партија насочена кон конзервативните гласачи./Извор:Makfax


