Дваесет и шестгодишен скопјанец е убиен во пукање што синоќа се случило во Дуќанџик.
Според информациите од МВР за „Макфакс“, пукањето било пријавено околу 23:30 часот.
Во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма. Во тој момент застанал мотоцикл со две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што побегнале.
Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот./Извор:Makfax


