Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху со порака до Техеран: „Ќе го собориме овој режим“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека централната цел на Израел, соборувањето на иранскиот режим, е „на дофат“.

Нетанјаху го изјави ова за време на состанокот со Генералштабот на израелската армија, наведувајќи дека иранскиот режим е ослабен и се бори за опстанок.

„Режимот сега е ослабен, послаб е од кога било. Се бори за опстанок. Уверен сум во нашата способност еднаш засекогаш да ја отстраниме заканата, да го собориме овој режим“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.

Тој оцени дека „не е случајност“ што Иран напаѓа други цели, а не Израел.

„Ако сте научиле нешто, не нè обвинувајте нас. Ние сме силни, одлучни и единствени во победата“, изјави Нетанјаху за Техеран.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека ако Иран изврши напади, израелската војска ќе ја таргетира инфраструктурата на иранскиот режим, вклучително и енергетската инфраструктура./Извор:Makfax