Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Од базени и сауни до ice bath терапија: Пирин Експорт ги носи најновите велнес трендови во Македонија и регионот 

Домашните базени, сауни, џакузи-кади и ладни кади сè почесто стануваат дел од приватните домови, а интересот за велнес-решенија во Македонија расте паралелно со регионалните и глобалните трендови. Според сопственикот на Пирин Експорт Васил Филипов, современиот велнес веќе не се доживува само како релаксација, туку како инвестиција во здравје, начин за опоравување од повреди или болест, поквалитетен живот. 

Македонија сè поинтензивно го следи трендот на развој на велнес-индустријата, кој во последните години бележи силен раст на глобално ниво. Ако до неодамна велнесот најчесто се поврзуваше со посета на спа-центри, денес тој станува дел од секојдневието преку домашни мини сауни, спа-зони, базени и простори за релаксација во станови, куќи, дворови и тераси.

„Најважната промена е тоа што луѓето денес многу пошироко го разбираат велнесот и почнуваат да го инкорпорираат во секојдневниот живот. Притоа, светските статисики покажуваат дека инсталирањето на сауна или спа содржина во домот, влијаат на зголемување на вредноста на имотот и до 15%, вели Васил Филипов од Пирин Експорт”

Според него, оваа година особено е зголемена побарувачката за домашни базени и надворешни сауни. Клиентите најчесто инвестираат во базени со димензии од околу 7 х 3 метри, но сè почесто додаваат и уред за контрапливање, односно таканаречено бесконечно пливање, што овозможува максимално искористување на просторот без потреба од поголема димензија на базенот.

Дополнително, од компанијата бележат и зголемен интерес за топло-ладна шок-терапија, која подразбира користење сауна, најчесто до 80 степени, по што следи третман во ладна када со температура од 3-8 степени. Професионалните модели на ice baths се со вградени филтрациони пумпи и озонатор, кои ја намалуваат потребата од постојано празнење и полнење на кадата. 

Пирин Експорт со години работи во регионот и низ Европа, а побарувачката за домашни спа и сауни е особено зголемена во Косово, Албанија, Црна Гора и Хрватска. Во Албанија, Црна Гора и Хрватска клиентите претежно се сопственици на приватни вили или вили за издавање покрај море, кои се одлучуваат за џакузи-кади и помали базени.

Во елитните населби како Ролинг Хилс, Фарке и Маригона Хил, како и во други комплекси со луксузни куќи, речиси секој дом располага со мала спа-зона составена од сауна и џакузи. На косовскиот пазар, компанијата има доминантна позиција во продажба и монтажа на custom made сауни, а клиентите сè почесто избираат надворешни сауни поставени во дворови или на тераси, најчесто во Приштина, Брезовица и Призрен.