Во ракетен напад врз рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, синоќа загинаа две лица, а 16 други беа повредени, изјави вршителот на должноста гувернер на рускиот регион Белгород, Александар Шуваев, на Телеграм. Според него, луѓето биле убиени во украински напад врз комерцијален објект. Нападот, исто така, запалил седум магацини во градот.
Рускиот онлајн трговец Озон, исто така, објави на Телеграм дека неговиот логистички центар и центарот за сортирање во Белгород биле погодени. Избувнал пожар и има повредени.
Најголемата руска банка Сбербанк одобри реструктуирање на вкупно 79 милиони долари кредити за трговците преку Озон и Вајлдберис, која исто така неодамна беше погодена од украински напади, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на банкарски службеник.
Напад врз Киев одзеде најмалку 38 животи
Русија изврши серија смртоносни напади врз Украина во последните недели. Во напад со руски беспилотни летала во петок, 28 август, беше погоден магацин за муниција во селото Мила во близина на Киев, предизвикувајќи масовни експлозии. Најмалку 37 лица беа убиени, а 42 повредени. Следниот ден, двегодишно девојче беше убиено во нови руски напади врз Киев, а 14-годишно девојче беше убиено во регионот на Киев.
Претходно во август, во руски ракетен напад врз градот Печенига во регионот на Харков загинаа десет лица, а 17 беа ранети. Порано овој месец, Русија изврши еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина оваа година, при што загинаа најмалку 21 лице./Извор:Makfax


