Centar.mk
СВЕТ

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување за обилни дождови за некои области во префектурата Фукуи, во централниот дел од земјата, а околу 111.000 луѓе во пет општини се повикани да се евакуираат поради поплавите.

Околу 244.000 луѓе се предупредени да преземат итни безбедносни мерки поради лизгање на земјиштето и возила заглавени на поплавените патишта.

За градовите Фукуи, Оно и Кацујама е издадено предупредување од ниво 5, што е највисоко ниво на предупредување за обилни дождови кое укажува дека е веројатно да се случи катастрофа или таа е неизбежна, но подоцна е намалено на ниво 4, кое и натаму подразбира дека неопходна е евакуација на населението.

Во последните 24 часа до изутринава, во Кацујама, Сакаи и Фукуи има рекордни врнежи од дожд од над 300 милиметри. Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам најави дека размислува за испуштање вода од браната Сакаи за да се обезбеди повеќе простор бидејќи се зголемува нивото на водата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ – Незадоволството се шири низ Европа

ДЕСК

РУСКИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ – Уредништвото зборува за притисоци

ДЕСК

ШПАНИЈА ПРЕД НОВИ ТЕШКИ ПРАШАЊА – Меѓу жртвите и повредените може да има државјани на 27 земји

ДЕСК