Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НЕ Е ЗА МАЈТАП РАБОТАВА – вирусот повторно зема живот

Седумдесет и тригодишен пациент од Скопско починал на Клиниката за инфективни болести по инфекција со западнонилска треска. Пациентот бил хоспитализиран околу десет дена и имал сериозни придружни заболувања.

Со овој случај бројот на смртни исходи поврзани со вирусот се искачува на пет. Претходно беа пријавени 43 случаи, како и прва потврдена заразена мртва птица – гавран во Скопје.

Здравствените власти потсетуваат дека најголем ризик од тешка клиничка слика има кај повозрасни лица и пациенти со хронични заболувања.