Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ПРЕВРТЕЛ: Тешко повреден 56-годишен охриѓанец

На 21.08.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишник од Охрид, излетало од патот и се превртело.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.