Centar.mk
БИЗНИС

Лоши вести за возачите: Значително поскапуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50
ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.08.2026 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 93,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 10.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 6,00
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.08.2026 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.