Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жешкото време продолжува и во следните денови, температурите до 40°C

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК