Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го отфрла најновиот мировен план за Газа, поддржан од САД, и бара целосно разоружување на Хамас пред какво било повлекување на израелските сили.
„Израел го отфрла документот од 15 точки“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија нема да се повлече додека Хамас целосно не се разоружа.
Нетанјаху истакна и дека додека тој е премиер, нема да биде воспоставена палестинска држава ниту во Газа ниту на Западниот Брег.
Хамас, пак, соопшти дека останува посветен на планот на Трамповиот Одбор за мир, но бара Израел да ги прекине нападите и да ги повлече силите до договорената „жолта линија“. Од Хамас побараа САД да извршат притисок врз Нетанјаху да го почитува планот.
Израелските сили во моментов контролираат повеќе од половина од Појасот Газа./Извор:Makfax


