Centar.mk
СВЕТ

Украинец уапсен во Германија, осомничен за шпионажа на одбранбена компанија

Триесет и тригодишен украински државјанин е уапсен во Германија под сомнение за шпионажа на баварска одбранбена компанија за странска разузнавачка служба. Германските власти денеска објавија дека е осомничен за фотографирање на објектите на компанијата како подготовка за можна саботажа, објавува The Kiev Independent.

Канцеларијата на државниот обвинител во Минхен и баварската полиција соопштија дека постојат сериозни индикации дека човекот дејствувал како агент на ниско ниво за разузнавачката служба на странска земја. Истражителите не прецизираа која земја.

Апсењето се случи во контекст на низа слични случаи низ Европа. Според информациите од западните служби, руските разузнавачки агенции регрутираат лица за да вршат саботажи и им нудат лесни пари. Целта на ваквите хибридни операции е да се создаде нестабилност.

Ова не е прв ваков случај во Германија. На почетокот на февруари, германското обвинителство покрена обвинение против Украинец под сомнение за учество во заговор наводно предводен од Русија, чија цел била испраќање пакети со експлозиви низ Европа.

Слични обвиненија беа поднесени и во Полска. На почетокот на јануари, тамошните обвинители покренаа обвиненија против четворица Украинци и еден Русин. Тие се обвинети за планирање испорака на експлозивни направи во неколку западни земји./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен украински напад врз Русија: Москва тврди дека соборила 699 ​​беспилотни летала

ДЕСК

Украина: Русија од почетокот на инвазијата загубила над 1,6 милиони војници

ДЕСК

Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: неговата содржина останува мистерија

ДЕСК