Centar.mk
СВЕТ

САД нудат над 100 милиони долари награда за информации за мексикански нарко-картел

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека САД ја интензивираат борбата против мексиканскиот нарко-картел Картел де Халиско Нуева Генерасион (CJNG), оценет како една од најголемите закани за меѓународната безбедност.

Стејт департментот нуди награди во вкупен износ од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и нивните соработници.

Покрај тоа, САД воведуваат визни ограничувања за 65 лица и поништуваат 26 веќе издадени визи на членови на семејства и соработници поврзани со картелот.

CJNG е еден од најмоќните и најнасилните нарко-картели во Мексико, поврзан со трговија со фентанил, метамфетамин и кокаин, како и со убиства, киднапирања, изнуда и перење пари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен украински напад врз Русија: Москва тврди дека соборила 699 ​​беспилотни летала

ДЕСК

Украина: Русија од почетокот на инвазијата загубила над 1,6 милиони војници

ДЕСК

Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: неговата содржина останува мистерија

ДЕСК