Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да издвои дополнителни 242 милиони долари за борба против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, кои треба да ги одобри Конгресот, ќе бидат наменети за итно сузбивање на епидемијата, зајакнување на подготвеноста на земјите во регионот и хуманитарна помош.
Истовремено, најавени се и 350 милиони долари хуманитарна помош за Демократска Република Конго, Јужен Судан и Уганда.
Според организацијата Лекари без граници (MSF), епидемијата во источниот дел на Демократска Република Конго, која трае речиси два и пол месеци, прераснала во најголема во историјата на земјата. Досега се лабораториски потврдени повеќе од 3.600 случаи на зараза, а околу 1.500 лица починале.
Еболата е високо заразна вирусна болест што се пренесува преку директен контакт со заразени лица или нивните телесни течности и често има смртоносен исход/Извор:Makfax


