Centar.mk
фото Министерство за Правда
-МАКЕДОНИЈА

Шасивари : Продлабочување на партнерството со Германија во спроведувањето на реформите во правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер, на која беше потврдена одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските процеси.

На средбата беше оценето дека Германија е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда, во областа на меѓународната правна помош и реформите во правосудството.

Во процесот на подготовка на новиот Кривичен законик, во соработка со ИРЗ – Германската фондација за меѓународна правна соработка, беа изготвени стручни мислења од врвни универзитетски професори, кои опфаќаат повеќе клучни области на современото кривично право.

На средбата беше поздравен и придонесот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) во подготовката на Законот за Канцеларијата за поврат на имот и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Шасивари и Дрекслер ја потврдија заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката, размена на експертиза и поддршка на реформските процеси, со цел зајакнување на владеењето на правото и приближување на нашиот правосуден систем кон европските стандарди.

фото Министерство за Правда