Соопштение на Град Скопје:
Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта.
Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат учениците.
Секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на целото општество.


