Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тошковски ќе ги презентира информациите за водата, министерот за полиција, а не за здравство

Соопштение на СДСМ:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата во Гостивар.

Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција.

Мицкоски вчера најави дека техничката вода во Гостивар од денеска е чиста.

Знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. Не пет тони дрога, не масовен убиец, не корупција – туку хиперхлорирање и водоснабдување.

Тошковски е познат по тоа што има Пегасус. Систем земен од Израелците, кој автократските држави го користат за следење и снимање на опозицијата.

Сега кога веќе го има и може да ги снима сите разговори, се надеваме дека ја снимил и изјавата на премиерот дека од денеска Гостивар има чиста техничка вода.

Мицкоски е известен за ветувањата уште од периодот на доаѓањето на власт, а уште повеќе од моментот кога ја презеде власта во свои раце. Известен е за ветувањата, ама уште поизвестен е за неисполнувањето на ветувањата.

Еве да видиме денеска дали водата е чиста „техничка“?!

Дали им верувате на Мицкоски и Тошковски?