Centar.mk
фото/видео ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар.
И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина.

Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори.
За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат.

Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ