Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, времето на чекање е околу 30 минути. Дополнителен метеж може да се создаде и поради најавениот штрајк. (МВР ги извести граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Р. Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.)
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


