На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, С.Ј.(54) и Е.Ј.(20), додека со телесни повреди сопатниците од возилото „фолксваген голф“ Б.Х.(23) и Б.И.(35), сите од Косово, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
По наредба на јавен обвинител, возачот на возило „киа“, К.Ц. ќе биде лишен од слобода по излегување од болница.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


