Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Работен ден се претворил во несреќа: Вработен во „Водовод“ паднал од мост во Кочани

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани.

Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река.

За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК