Centar.mk
СВЕТ

Грција го блокира новиот пакет санкции против Русија

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија и ќе се состанат повторно утре за да се обидат да постигнат договор, изјави дипломатски извор.

Главната пречка за договор за 21-от пакет санкции останува грчкото барање на нејзините бродосопственици да им биде дозволено да продолжат да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Предлогот за 21-от пакет санкции против Русија ги опфаќа енергетскиот сектор, финансиските услуги, тргувањето со криптовалути и, за прв пат, рибарството. Меѓу другото, Комисијата предложи суспендирање на механизмот за автоматско прилагодување на ограничувањето на цената на руската нафта.

Наместо да го ревидира ограничувањето нагоре поради зголемувањето на цените на суровата нафта предизвикано од конфликтот на Блискиот Исток, Комисијата предложи привремено замрзнување на цената на сегашното ниво од 44,10 долари за барел за да се спречи зголемување на руските приходи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИТЕ ВОЕНИ ПИЛОТИ ПРЕД ТЕХНОЛОШКА ПРЕСВРТНИЦА – Идните борбени авиони можеби ќе летаат без пилот

ДЕСК

ЕСТОНИЈА ЈА ЗАТВОРА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА НА ШЕСТ МЕСЕЦИ – Нови безбедносни мерки на истокот на Европа

ДЕСК

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК