Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЈП Комунална хигиена-Скопје: расчистување по обилните дождови што го зафатија градот

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.

Појаснуваат дека во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието се реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето“.

Активностите, според најавеното, ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК