Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора.
Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“.
Ветерот според написите сруши и дел од фасада на станбена зграда.
Во некои делови беше прекинато снабдувањето со електрична енергија./Извор:Makfax


