Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СЕ КРЕНА ПЛАМЕН ВО СКОПЈЕ: Пожар оштети три автомобили, фасада и прозорци од угостителски објект

На 21.07.2026 околу 04:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34).

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50).

Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК