Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат.
Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат.
Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, целосно ја разобличи вистинската политика на здружената опозициска коалиција СДС, Левица и ДУИ која не може да поднесе уште еден реформски успех на државата.
Иако сите нивни предлози и барања, кои можеме да кажеме дека беа се само не суштински, беа целосно прифатени и дури добија понуда од бланко бел лист хартија за да ги запишат нивните желби, СДС, ДУИ и Левица го одбија и избраа да блокираат.
Со тоа целосно се разоткрија и испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата целосно ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од, од нив, предизвиканиот застој и блокада.
Наспроти намерите и целите на СДС, Левица и ДУИ, Македонија ќе продолжи да победува и реформите ќе продолжат да се спроведуваат, без разлика на нивните блокади и опструкции.
Граѓаните веќе ја препознаа разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех, меѓу оние на кој приоритет им е интересот на граѓаните, наспроти оние кои единствено се грижат за личниот и партискиот интерес.
Ова најдобро се гледа по тоа кој ја има довербата да ја води државата и по рејтинзите и анализите на јавното мислење, каде граѓаните најмногу му веруваат на политиките предводени од ВМРО-ДПМНЕ.


