Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ги намали акцизите а горивото повторно поскапе – граѓаните плаќаат, а тој штити туѓи интереси

Соопштение на СДСМ:

Денеска горивото повторно поскапе.

Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи.

Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании.

Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како премиер кој треба да ги штити граѓаните.

СДСМ со денови бараше и предлагаше конкретни мерки за да се запре линеарното поскапување на сите животни намирници и да се помогне на ранливите и загрозените категории на населението.

Од Мицкоски немаше слух.

Неговата ароганција и очигледниот личен интерес преовладуваат на штета на граѓаните.

Како и со сè што прави, и тука тој работи во туѓ интерес.

Исто како што ја блокира европската интеграција на Македонија заради сопствениот интерес и интересот на организираната криминална група ВМРО, така и во економијата наместо да ги штити граѓаните, штити одредени компании.

Додека инфлацијата останува висока, минималната плата не расте за да го следи растот на трошоците, а потрошувачката кошница е на ниво кое семејствата тешко го поднесуваат, Мицкоски продолжува со политики кои го празнат буџетот.

Парите од тендери и клиентелизам се трошат, а наскоро нема да има доволно средства ниту за редовна исплата на пензиите.

Граѓаните не заслужуваат премиер кој секоја криза ја користи за да ги брани туѓите интереси наместо нивните.