Centar.mk
СВЕТ

За првпат, Кина ужива поповолен меѓународен имиџ од САД во повеќето земји

За првпат, Кина ужива поповолен меѓународен имиџ од САД во повеќето земји анкетирани од американскиот истражувачки центар „Пју“. Најголемиот пресврт во корист на Пекинг е забележан токму во европските земји како што се Шпанија, Италија и Грција, како и во Канада и Индонезија.

Анкетата, спроведена од февруари до мај меѓу повеќе од 42.000 испитаници во 36 земји, покажа дека во 25 земји повеќе граѓани имаат позитивно мислење за Кина отколку за САД. Ова е прв ваков резултат откако Центарот „Пју“ ги следи ставовите на двете светски сили од 2002 година.

Мониторингот покажа дека просечното ниво на позитивно мислење за САД се намалува во последните неколку години, додека во исто време позитивниот став кон Кина расте.

Само во шест земји мнозинството испитаници сè уште имаат поповолно мислење за САД отколку за Кина – во Полска, Филипините, Јужна Кореја, Индија, Јапонија и Израел.

Според наодите, земјите со среден приход генерално имаат поповолен став кон Кина, додека поразвиените земји имаат тенденција да имаат понегативно мислење, со исклучок на Сингапур. Кина има најголема поддршка во Пакистан (90 проценти), а најниска во Јапонија (11 проценти)./Извор:Makfax