Centar.mk
СВЕТ

Украинците објавија снимка: „Соборивме руски Ми-28“

Припадниците на 427-та украинска посебна бригада на беспилотни системи „Рарог“ соборија руски хеликоптер Ми-28 во регионот Белгород, објави командантот на украинските сили на беспилотни системи, Роберт Бровди.

Бровди рече дека нападот се случил околу 10 часот по локално време во близина на селото Вјазово во регионот Белгород во Русија.

„Ми-28 Ноќен ловец на руските црви се заби со носот во земјата“, напиша тој. Тој исто така сподели видео од нападот./Извор:Makfax