Centar.mk
СВЕТ

Се урна мал авион на Бахамите, загинаа сите 10 патници

Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти.

Леталото во петокот полетало од меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во Насау кон аеродромот Сан Андрос.

Според првичните информации, авионот за време на летот наишол на проблеми и се урнал во грмушки непосредно пред слетувањето, пренесуваат медиумите.

Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјавил дека една личност преживеала во несреќата, но подоцна било потврдено дека и таа починала од здобиените повреди.

Идентитетите и возраста на жртвите засега не се официјално објавени. Надлежните органи ќе спроведат истрага за да ги утврдат причините за падот на авионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ПОЛСКА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА – Туск најавува продолжување на реформите во Уставниот суд

ДЕСК

МОЖНИ НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Зеленски спомена период од 6 до 10 ноември

ДЕСК

МЛАДИТЕ НИЗ ЕВРОПА ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦИТЕ – Скапите станови, платите и образованието предизвикуваат незадоволство

ДЕСК