Centar.mk
РЕГИОН

Камионџија од Нови Пазар загина при поправка на камион на граничниот премин Градина

Седумдесетгодишниот Х.Б. од Нови Пазар трагично го загуби животот на граничниот премин Градина, откако врз него се спуштил камион што се обидувал да го поправи. Несреќата се случила во средата, нешто по 18 часот, по ненадеен технички дефект на возилото, пренесуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, возачот во текот на возењето забележал проблем со камионот, по што го запрел возилото за да провери за што станува збор. Додека се наоѓал под камионот, дошло до пукање на воздушното перниче, поради што тешкото возило нагло се спуштило.

Мажот останал приклештен под камионот и починал на местото на несреќата од здобиените повреди.

Надлежните органи извршиле увид и ги утврдуваат сите околности на трагедијата. Според досегашните информации, станува збор за несреќен случај предизвикан од технички дефект на возилото./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – Над 6,5 милиони граѓани со право на глас во вториот круг

ДЕСК

ШЕСНАЕСЕТ МИНУТИ МОЛК ВО НОВИ САД – Две години по трагедијата, семејствата сè уште чекаат судска разрешница

ДЕСК

ДВЕ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД – Комеморација за 16 загинати, судските постапки сè уште траат

ДЕСК