Centar.mk
СВЕТ

Девојка загина во Франција за време на прославата по освојувањето на Светското првенство

17-годишно девојче го загуби животот во Оноа-Емери на северот од Франција, откако падна од камион за време на церемонијата по повод победата на француската фудбалска репрезентација.

Според извор близок до случајот, девојчето се качило на задниот дел од камионот за да ја прослави победата на француската фудбалска репрезентација, но паднало и било прегазено, што, според пожарникарите, укажува дека починала на самото место, пренесува „Фигаро“.

Франција го победи Мароко со 2:0 на Светското првенство синоќа и се квалификуваше за полуфиналето на тоа натпреварување./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ПОЛСКА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА – Туск најавува продолжување на реформите во Уставниот суд

ДЕСК

МОЖНИ НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Зеленски спомена период од 6 до 10 ноември

ДЕСК

МЛАДИТЕ НИЗ ЕВРОПА ИЗЛЕГУВААТ НА УЛИЦИТЕ – Скапите станови, платите и образованието предизвикуваат незадоволство

ДЕСК