Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

АПСЕЊА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Пријави од затвори и полициски акции во Скопје – приведени седум лица, од кои еден малолетник

На 08.07.2026 во 08:55 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип е пријавено дека кај осуденикот лице(31) од Кочани била пронајдена и одземена прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

На 08/09.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(21) , лице(36) , лице(40), лице(19), лице(24) сите од Скопје, лице(18) од скопско и 16-годишник од тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 08.07.2026 околу 09:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека при извршен претрес во полуотвореното и отвореното одделение во установата во соба била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.