Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

СЕ КРЕНА ВРЕВА ВО СКОПЈЕ: Физички пресметки во Аеродром и Карпош, напад и пред казино

МВР извести за повеќе инциденти низ Скопје:

На 08.07.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице(53) и лице(20) двајцата од Скопје, при што Б.Р. употребил тврди предмети, додека 53 годишникот со остар предмет се обидел физички да го нападне 20 годишникот, но бил спречен во намерата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, лице(43) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош додека бил на своето работно место пред казино бил физички нападнат од лице(39) од скопско, кој имал забрана за влез во казиното. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.07.2026 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице(32) и лице(27) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.07.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје лице (34) од Скопје пријави дека на 06.07.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.