Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Дете заврши со тешки повреди во Ургентниот центар во Гостивар

На 08.07.2026 во 18:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат во с.Сенокос, гостиварско патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од маж(31) од с.Топлица, гостиварско удрило во малолетен пешак од с.Сенокос.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.