На 06.07.2026 во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија О.К.(48) од Прилеп, кој претходно на магистралниот пат Охрид- Ресен кај „ Прентов мост“, управувајќи патнички автомобил „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. По извршен увид и извршено алкотестирање, кај него се утврдени 1,65 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2026 во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(66) и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(71), двајцата од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.
На 06.07.2026 во 21:12 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрил во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид. При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.


